Хамза Јашари мала среќа го делеше од медал на Европскиот куп во Клуж-Романија

Иако не освои медал на силниот Европски џудо куп „Клуж-Напока 20183 во Романија, нашиот репрезентативец Хамза Јашари (-66 кг) не потфрли, туку повторно беше во одлично издание, му недостатсуваше спорстка среќа за да се закити со еден медал во оваа силна конкуренција. И петото место е голем успех.

Јашари забалежа три победи едно по друго без загубен поен. Прво го совлада Французинот Герг де Фретас со ипон, па Гироги Ианбелидѕе од Грузија со вазари и Самуел Салво од Италија со ипон. Во полуфиналето се сретна со домашниот џудист Паул Онофреи и е поразен со ипон и вазари спрема вазари. А во борбата за бронзениот медал губи од Турчинот Умалт Демирел со ипон.

Во категоријата на Јашари имаше 59 натпреварувачи.

Да посетиме дека Хамза Јашари на Европските купови има освоено три медали – 2 златни и 1 сребрен. Златните медали ги освои во Загреб 2018 и Гиор – Унгарија 2017, а сребрениот на Фолоника 2018 во Италија.

Теодора Ристеска (-48 кг) забележа победа против Карин Абрамов од Израел со ипон, а пото загуби од Тимеа Кардос од Унгарија и во репасажот од Габриела Димитрова од Бугарија, исто така со ипон. Ристеска го освои 9-тото место.

Резарт Хусени (-60 кг) е поразен со ипон од Бенјамин Мирволд од Норвешка.

Ipon.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON