Викендов Хамза Јашари го освои сребениот медал на Европкиот кадетски куп во џудо во Фолоника – Италија, во категорија до 66 килограми и по втор пат за карток период настапи во финале на еден куп. Среброто било многу близу до златото, но заслуга на судиите на Хамза му е украден златниот медал, бидејќи е суден непостоечи вазари.
Сепак Јашари по историски златен медал за Македонија на еден Европски џудо куп за кадети во Гиор, Унгарија, минатата година, кога нанижа пет одлични борби и сега беше сигурен и ги победуваше противниците со ипон.
Неколку дена откако спласнаа страстите Хамза вели:
„Ние како земја сме многу назад со спортот, немаме наши судии, дури ја немаа ни македонската химна, ниту знаме. Нормално е дека ќе не оштетат. Ни на сон немало да им текне дека некој спортист од Македонија ќе стигне до финалето! Како и да е, тоа за мене е нешто што помина. Не очекуват уште многу важни натпреварии, со Господ напред ќе стигнеме во врвот. И ветувам на оваа мала земја дека овaа година ќе има норма за Буенос Аирес“, сигурен е Хмаза Јашари во своите можности!
До сребрениот медал Хамза се бореше извноредно во конкуренција 56 натпреварувачи, а во финалето загуби од Јајхунбек Назаров од Узбекистан со вазари. До финалето Јашари славеше против Том Мориц од Германија со ипон, Богдан Јора од Канада со ипон, Даниел Нуриев од Естонија со ипон и над Шандор Оскаи од Унгарија со ипон спрема вазари.
Нашиот репрезентативец наветсува одлична сезона и кандидатура за малдинските Олимписки игри во Аргентина.
Ipon.mk