Мамед Халидов (34-5-2) ја ослободи титулата во средна категорија на КСВ.
Според сопштението на полската промоција, Халидов се одлучил на овој потег затоа што „не сака да ја кочи категоријата и дека во овој моменр го интересира само една борба“.
КСВ ќе ја пополни позицијата со одржување на турнир на четирмината.
Полуфиналето ќе се одржи на 6 октомври на настанот „Враќањето на Вембли“ во Лондон. Во истиот настан Роберто Солдиќ по вторпат ќе се бори со Дикус Ду Плесис за враќање на титулата.
Во полуфиналето Михал Матерла (26-6) се бори против бронзенииот борач од Олимписките игри 2012, Дамијан Јаниковски (3-0), а Англичанецот Скот Аскхем (16-4) против Марчин Војчик (11-5).
38-годишниот Халидов беше поразен во последната борба во март со сабмишн од шампионот на КСВ во полутешка категорија Томаж Наркун.