Хали Бери го одрботи првиот БЏЏ час, проверете како и оди граплингот! (ВИДЕО)

Пред некој ден известивме за режисеркиот првенец на славната Хали Бери во која атрактивна актерка и ќе ја толкува насловната улога. Филмот „Deadline“( Краен рок) ќе понуди приказна за ММА воинка која се обидува да и се врати на борбите, а токму Бери го прифати ликот на Џастис (Правда).

Холивудската актерка веќе има искуство со боречките спортови, бидејќи со години рекреативно тренира бокс и кик бокс, но што е со граплингот?

За да може што подобро да ја игра улогата на ММА воинка Бери тргнала на часови по бразилска џиу џица. Ја одработи својата прва лекција, а видеото се појави на Инстаграм.

Мораме да признаеме дека славна глумица одлично учи. И дека нејзините движења уште сега изгледаат сосема природни и убедливи. Толку уверливо што мислевме дека тоа е невозможно тоа да и е првиот БЏЏ час.

52-годишната Бери глумела во повеќе од 40 филмови, но ова ќе биде режисерски првенец. „Bruised“ ќе го продуцира од Василиј Иваник, кој со Бери моментално работи на третото продолжение на „Џон Вик“.

Снимањето започнува во март 2019 година.

https://www.instagram.com/p/BkpC1yyljUN/?utm_source=ig_embed

.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON