Халдун Алагаш пристигна во Скопје, многу македонски карате асови ќе го посетат семинарот (ФОТО)

Alagas na Aleksandar veliki 2

Турскиот карате ас и легенда, Халдун Алагаш, пристигна во Скопје, кој во сабота ќе одржи семинар во спортската сала „Метдоија Андонов-Ченто“ во Скопје (во населбата Маџари, каде што се одржуваат повеќето карате настани).

Алагаш вечерва на аеродромот „Александар Велики“ го пречекаа тренерите на КК Куштрими, Имсет Шерифи, Ирфан Алија и личниот пријател Самир Салиу, како и Алјко Идризи. Во интервјуто за IPON.mk Алгаш изјави дека за Македонија знае преку Алексанадар Македонски…

На семинарот на светскиот и европски првак ќе се појават многу асови на македонското карате, а со некои од нив и се има натпреварувано. Се очекува на татмито да се појават поранешниот европкси првак и актуелен балкански шампион, Емил Павлов, носителот на повеќе медали од ЕП и СП за младинци, Берат Јакупи, освојувачот на сребрениот медал од ЕП за кадети во Кипар, Абдурахим Идризи, освојувачот на Карате 1 Премиер лигата Жарко Арсовски, брат му Сашко Арсовски, кој е освојувач на повеќе медали, Азиз Исмаил-носител на бронзен медал од последното ЕП за У-21, Зоран Пејов-кој го освои првиот медал за независна Македонија во 1993 година во Крадиф-Велс на ЕП за младинци, се очекуваат потврдите поранешниот европски шамипон Елвир Куртановиќ и носителот на бронзените медали од ЕП и Европските игри во Баку, Мартин Несторовски.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON