Хафтор Бјорнсон е потежок од Еди Хол

Помина мерењето пред боксерскиот меч меѓу две од најголемите легенди во спортот на моќта. Ѕверовите Хафтор Бјорнсон и Еди Хол за неколку часа ќе направат боксерски меч во Дубаи.

Двајцата имаат вкупна тежина од близу 300 килограми, што е најтешката борба во историјата на боксот. Еди тежеше 142,2 килограми, а Бјорнсон 152 килограми.

Хол нема искуство во боксот, но не можеме да го кажеме истото за Бјорнсон. Веќе има 3 борби во боксот. Хафтор минатата година забележа две нерешени средби со Стивен Вард и Сајмон Вали. На крајот на годината се врати во рингот, но овојпат го нокаутира Девон Ларат.

Еди Хол – 142,2 килограми

Хафтор Бјорнсон – 152 килограми

Видео од прес-конференцијата на која за малку ќе дојдеше до тепачка:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON