Македонскиот млад репрезентивец во кик бокс, Хадис Рамадани, не отпатува на Светското првенство во кик бокс за кадети и јуниори во Даблин, Ирска, но затоа ќе настапи на Фајт најт настанот во Адорф-Швајцарија, против Турчинот Емре Гок.
„На Светското првенство очекував да направам голем успех, за жал, оваа година не отдиовме“, вели Хадис Рмадани за Ipon.mk.
На 3 септември на Фајт најт во организација на ВКУ-Швајцарија Хадис ќе се бори против Гок од Турција. За очекувањата од оваа борба тој истканува дека очекува добра борба.
„Подготвен сум да дадам макисум за да победам ова борба“, нагласува Рамадани, а за противникот вели дека досега имал 8 профи борби.
Тој имаше подолга пуаза од официјалните настапи, бидејќи за претходниот меч во Швајцарија му откажа противникот.
„Борбата што требаше де се одржи на 25 јуни за титулата на ВКУ, се уште не е презакажана и не знам ќе се борам со Мурад Абдо“, истакнува Рамадани.
Ipon.mk/В.Д.