Хадис Рамадани викендов требаше да се бори за светската титула во К-1 до 65 килограми на настанот во верзија на ВКУ/WKU во Швајцарија во Амрисвил против Мурад Абдо на настанот е „Спарта фајт гала 6“.
„Борбата за светската титула на ВКУ е откажана поради тоа што протиовникот е повреден. Барем, на мене така ми беше кажано“, вели за Ipon.mk, нашиот репрезентативец Хадис Рмадани, кој викендов во Неготино ја освои државната титула во лоу кик -67 кг.
Тој жестоко се подготвуваше за овој меч. Сепак, не е залудно потршено времето, бидејќи во август ќе настапи на Светското првенство на ВАКО за јуниори во Италија, каде што очекува висок пласман, однонсо борба за еден од медалите.
Ipon.mk/В.Д.