Кикбоксерот Хадис Рамадани (3-0) викендов (18 февруари) ќе ја има четвртата професионална борба во Швајцарија против Јанус Сутер на Фајт најт во Устер во организација на ВКУ-Швајцарија.
Рамадани по пауза од неколку месеци ја има првата борба повторно во рингот.
„Имам борба во Швајцариа по 3 месеци паузирање. Вообичаено, зимскиот период е време за подготовки и јаки тренинзи“, вели нашиот репрезентативец Хадис Рамадани кој досега има серија од три победи, а ја очекува триумф и во четвртата борба.
„Нормално, пак очекувам победа, бидејќи ова е четврта борба во профи натпреварите во Швајцариjа, а првите три завршија со победа“, истакнува Хадис.
Неговиот противник Јанус Сутер има 23 години и тежi 67 килограми. Досега има 13 професионални борби и е шампион на Швајцарија.
Иако Јанус е од Швајцарија и Рамадани има голем број на приврзаници, затоа очекува голема поддршка од присутните во салата.
Покрај профи-мечот, Хадис ќе настапи и на Државното првенство кое треба да се одржи наскоро.
„Државното првенство е блиску, нормално, и тука очекувам четврти пат по ред да станам државен првак. Очекувам големи успеси на државно и меѓунардно ниво“, потенцира Рмадани.
Ipon.mk/В.Д.