Кик бокс репрезентативецот на Македонија, Хадис Рамадани, на 2 април во Цирих-Швајцарија, ќе има професионален меч на „Фајт најт“ настанот против Гадер Ахмедин.
„Ќе се борам против натпреварувач од Швајцарија во категоријата до 66 килограми. Очекувам победа, бидејќи 100 отсто сум подготвен. Противникот е шампион на Швајцарија до 66 кг и има 10 борби во професионална конкуренција – 7 победи, 2 порази и 1 нарешена борба. Се подготував во Скопје, а тренизите беа јаки и упорни“, вели Хадис Рамадани.
Ако победи Рамадани го очекува награда од организаторот.
Хадис ги кажа и неговите очекувања за настапите во репрезентативниот дрес на Македонија на меѓународната сцена.
„На репрезенативен план очекувам поголеми успеси од лани“, кратко рече Хадис.
Ipon.mk/В. Д.