Хабиб Нурмагомедов сака да му даде шанса во реванш меч на Конор Мек Грегор, но новата мегапресметка би била во боксерски ринг.
Хабиб и Коно во изминатите години изградија големо ривалство, а кулминираше со масовна тепачка по пресметката во Лас Вегас, во која Нурмагомедов го победи Мек Грегор. Во меѓувреме и двајцата борци беа поврзувани со дуели со различни противници, но таткото на Хабиб, Абдулманап Нурмагомедов, ја остави отворена можноста двајцата да се појават во боксерски ринг еден против друг.
„Хабиб покажа дека може да победи секого во УФЦ, нов предизвик би можел да му биде во боксот. Ако Конор сака да влезе во ринг за боксерски меч со мојот син, ние сигурно сме заинтересирани за такво нешто“, истакна Абдулманап Нурмагомедов.