Хабиб: Уживав секој пат кога ќе го удрев во лицето Мек Грегор (ВИДЕО)

Првакот на УФЦ во лесна категори Хабиб Нурмагомедов гостуваше во Мелбурн каде што одговораше на прашања од модераторот и навивачите.

30-годишниот Русин зборуваше за инцидент што започна по победата против Конор Мек Грегор на УФЦ 229 во Лас Вегас во октомври.

Нурмагомедов го заврши Ирецот со девење од позади во четвртата рунда, а потоа веднаш скокна надвор од кафезот за да го нападне членот на тимот на Мек Грегор Дилан Данис. Настана хаос во кој учествуваа членовите на тимот на Хабиб и самиот Мек Грегор.

„Уживав кога го удиарв во лице. Тоа е многу добро чувство, верувајте ми, кога некој сере цело време“, рече Нурмагомедов.

„Уживав секој пат кога ќе го удрев во лице. Му реков: Зборувај сега. Но, на крајот од втората или третата рунда ми рече: Ова е само работа. Се обиде да ме смири. Ама, ова не е спаринг. Ќе продолжиме, знаеш. Можеби не го разбра мојот англиски“.

„По борбата малку ја изгубив контролата. Зборувавме со татко ми пред борбата и ми рече дека мора да останам смирен и да не слушам што вели Мек Грегор Треба да го работиме своето. А, кога татко ми се обиде да ме натепа по тепачката, му реков: Еј, ништо не рече што по борбата. Разговаравме само што е можно поскоро. Но, така е како што е. Се случи“.

Спортската комисија на Невада сé уште не ги изрекла казните на Нурмагомед и Мек Грегор.

„Има закажано за судот на 29 јануари. Ќе видиме. Можеби ќе ми дадат девет месеци или една година суспензија. А ако не се борам една година, не знам што ќе се случи и кој ќе ми биде следниот противник“.

Рече и дека не мисли оти Мек Грегор заслужува реванш.

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО