Непоразениот шампион во лесна категорија Хабиб Нурмагомедов смета дека неговиот помлад братучед Умар е иднината на ММА. Умар Нурмагомедов е 10-0 во ММА и неодамна потпиша договор со ПФЛ. За неколку дена, малиот Нурмагомедов ќе се бори против Сидемар Хонорио во Њуџерси и тоа ќе биде негова трета борба годинава.
Во април го победи со одлука на судиите Вагнер Лима, а потоа минатиот месец го нокаутира во првата рунда Тарас Грицкив. Сега, неколку дена пред битката, Хабиб реши да го поддржи братучедот и изјави дека тој е иднината.
„Не можам да дочекам да го гледам мојот брат Умар како се бори на 8 август за ПФЛ. Умар Нурмагомедов е иднината“, изјави Хабиб.
Двајцата во моментов се подготвуваат во АКА, а Хабиб во септември во Абу Даби ќе ја брани титулата на УФЦ 242 против Дастин Пориер.