Хабиб тврди дека Гејџи не заслужува борба за титулата

Поранешниот шампион на УФЦ во лесна категорија, Хабиб Нурмагомедов е дециден дека Џастин Гејџи не заслужува да биде следниот предизвикувач за титулата и покрај победата над Мајкл Чендлер. Сосема очекувано, поранешниот хегемон на 70 килограми објави дека неговиот сонародник Ислам Махачев е достоен за борба за појас.

„Во неговите последни осум борби Џастин три пати е поразен со нокаут /завфршница. Имаѓе можност да станеш шампион, но заспа“, напиша Нурмагомев на Твитер.

Дагестанецот го победи Гејџи во последниот настап во кафезот. Џастин потоа одби да се предаде и беше испратен во несвест поради техниката на задушување на Хабиб.

„Ислам има девет последователни победи, од кои три во последната година. Секоја од овие три е завршена. Едноставно молчи и прифати дека тој ја заслужува титулата, а не ти“, додаде Хабиб.

По поразот од Хабиб Гејџи се врати на победите минатиот викенд кога го победи Мајкл Чендлер по борбата во три рунди која со право може да се нарече претендент за „Битка на годината“. Гејџи по оваа спектакуларна победа бараше меч за појас во лесна категорија.

Махачев на истиот настан забележа победа со соборец над Ден Хукер. Во првата рунда 30-годишниот Дагестанец му направии клуч на раката на Хукер.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON