Хабиб: Тајсон Фјури е најдобриот боксер во тешка категорија

Хибиб Нурмагомедов има 27 победи без загубена борба во професионалната кариера во ММА. Тој тврди дека е еден од најуспешните спортисти досега. Во неодамнешно интервју, 30-годишниот спортист го кажа своето мислење за најдобрите боксери во тешка категорија. Дивизијата е полна со имиња како Дионтеј Вајлдер, Ентони Џошуа и Енди Руиз, но според Дагестанецот, најспособниот од нив е Тајсон Фјури.

„Мислам дека најдобар во тешка категорија е Тајсон Фјури“, рече Нурмагомедов.

„Според мое мислење, како вештина, таа е најопасен во моментов. Затоа што видовме што се случи во неговиот меч против Вајлдер. Ако го исклучиме нокдаунот, тој го порази. Во моментов боксот во тешка категорија воопшто не е лошо. Енди Руиз, Ентони Џошуа, Деонтеј Вајлдер, ако се врати и Владимир Кличко, тоа ќе биде многу добро за категоријата. Но мое мислење е дека Фјури е најдобар, можеби грешам, се извинувам на другите момци, сите нив ги почитувам, но тоа е многу силен период за боксот во тешка категорија“, заврши Хабиб.

https://www.youtube.com/watch?v=7Gc7MKv74-U
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON