Хабиб со порака до Мејведер: Не во Лас Вегас, таму нема да ми ги исплатат парите!

 

Комуникациите меѓу Хабиб Нурмагомедов и Флојд Мејведер стануваат се пожешки и интензивни. Се чини дека сме пред нова спектакуларна борба, но и забава за народ со многу пари за сите протагонисти на овој меч.

 Нурмагомедов во текот на вчерашниот ден испрати видео-порака до славниот боксер кој во својата кариера има учинок 50-0, не се чекаше долго и за одговор од Мејведер кој најави нивна борба во Лас Вегас.

По ваквата објава на Мејведер, следуваше нова објава на Хабиб на неговиот Инстаграм профил.

Хабиб од Мејведер побара само да не се борат во Лас Вегас.

„Флојд Мејведер само да не е во Лас Вегас, таму не сакаат да ми ги дадат парите“, напиша Нурмагомедов под фотографијата на која го „дави“ Мек Грегор.

Да потсетиме дека Хабиб се уште ја чека сумата од два милиони долари која беше договрена пред борбата, постои можност истата воопшто да не му биде исплатена поради инцидентот по завршувањето на борбата или, пак, во многу помал износ од договореното.

https://www.instagram.com/p/Bo9iAIgHhep/?utm_source=ig_embed

.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON