Многумина го критикуваат УФЦ, затоа што за време на кризата со Ковид-19 сакаат да продолжат да настаните. Говорејќи за ЕСПН, Нурмагомедов рече дека не знае како организацијата очекува да се справи со тоа, без знаење за местото на дуелите и дека имало толку малку време до самиот настан.
„Јас тренирам секој ден наутро и навечер. Имам соба во мојата куќа. Во моментов сум една од најголемите sвезди во УФЦ. Непоразен сум, неприкосновен шампион во УФЦ. Ова не е обична борба. Како дојдоа до 16 дена пред борбата, а не ја знаеме локацијата? Што е тоа? Ова не е професионално. Морам да летам, морам да се прилагодувам, морам да ослабнам, морам да се концентрирам, морам да го завршам тренинг кампот. Има премногу работи“, заврши тој.
Нурмагомедов рече дека Вајт првично му рекол дека неговата борба со Тони Фергусон ќе се одржи во Абу Даби. Орелот реши да замине во Дубаи за да тренира како што треба. Откако стана јасно дека мечот нема да се одржи во Абу Даби, Нурмагомедов одлета за Русија. Според него, нема смисла да се лета во САД, ако борбата нема да се случи таму.
https://www.youtube.com/watch?v=cGTFwfxKupc&feature=emb_logo