Рускиот борец Хабиб Нурмагомедов е блиску до враќање и е подготвен повторно да се врати во октагонот.
Хабиб се опоравува од здравствените проблеми со кои здоби при симнувањето на килажата за пропаднатиот меч со Тони Фергусон на УФЦ 209.
Тогаш Орелот беше хоспитализиран, откако неговото тело не го издржа тешкиот режим.
Сепак, сега Хабиб е подобар, тој откри дека повторно е со амбиција да се бори со Фергусон.
„Речиси ја завршив рехабилитацијата. Кон средината на јуни можам да ги обновам тренинзите. Планирам во октагонот да се вратам во октомври. Имам потреба од вежбање четири месеци. Сметам дека 90 отсто ќе се борам за привремената титула. Против кого – не знам, но, се разбира дека ќе сакам меч со Тони Фергусон. Во моментов не гледам други вредни претенденти. Сакам да се борам само со него“, објасни Хабиб.