Хабиб Нурмагомедов откако виде дека нема конкуренција во УФЦ во лесна категорија сака да се проба и во други спортови, пред се во фудбалот. Неодамна тој одигра еден натшревар со свои пријатели, тука беше и некогашната голема фудбалска ѕвезда Кларенс Сидорф. На тој меч Дагестанецот постигна ефектен и ретко виден гол, па очигледно е дека апетитите пораснаа.
Сака да биде фудбалер.
Дека чека некоја добра понуда, Хабиб се огласи и преку својот инстаграм профил.
„Се подготвувам за деби и во фудбалот. Слободен агент сум и чекам добри понуди“ напиша Хабиб.
Хабиб е познат навивач на локалниот фудбалски клуб Анжи Махачкала, но и на Реал Мадрид, а исто така има блиски пријателства со фудбалските ѕвезди Кристијано Роналдо и Карим Бензема.
Се разбира дека ова беше шега од негова страна, или не…