Хабиб: Се надевам дека ја прифаќате мојата одлука и ќе ме разберете

Шампионот во лесна категорија на УФЦ, Хабиб Нурмагомедов објави порака на Инстаграм во која ја потврдува веста за неговото пензионирање. Ден претходно, Дагестанецот повторно се сретна со претседателот Дана Вајт за да ја утврди иднината на шампионатот во лесна категорија. Шефот на УФЦ официјално објави оставка, а сега тоа го стори и самиот Нурмагомедов.

„Тоа беше добра вечера со прекрасни луѓе. Дана Вајт, многу ти благодарам и на целиот тим на УФЦ за можноста да се докажам. Вие момци со овој спорт го сменивте животот на многумина засекогаш“, напиша Хабиб.

„Дана, никогаш нема да го заборавам твојот однос кон мене, татко ми никогаш нема да го заборави тоа и моите синови ќе те паметат. Денес имаше вистински разговор меѓу вистински мажи. Исто така, му благодарам на целиот тим, спаринг-партнерите и сите навивачи. Се надевам дека ќе ја прифатите мојата одлука и ќе ме разберете“, додаде Нурмагомедов.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО