Хабиб се надева дека со Фергусон ќе се бори во Русија

Хабиб Нурмагомедов сака да ја брани титулата во лесна категорија во УФЦ во Русија и смета дека Тони Фергусон е најзаслужниот кандидат да го сподели со  него УФЦ-октагонот. Дагестанскиот борец се надева дека оваа борба ќе се одржи во пролетта 2020 година.

„Ќе биде март или април“, објасни тој. „Јас кажав јасно – сакам да се борам во голема арена и единствената голема затворена арена е во Русија „Гаспром арена“ во Санкт Петербург, па затоа сакам да се борам таму“.

Нурмагомедов додаде дека верува оти Конор Мек Грегор треба да заслужи шанса да се бори за титулата во лесна категорија. Ова беше појаснувањето што дојде откако таткото на Нурмагомедов рече дека го поздравува реваншот меѓу неговиот син и Мек Грегор во Москва.

„Од гледна точка на конкурентот, нашето ривалство со Мек Грегор е готово“, рече тој. „Немам што да докажам. Но, тој има многу да докаже. Сите го знаеме тоа“.

За Нурмагомедов, Фергусон е тој што го заслужува златото за дивизијата.

„Морам да кажам дека Тони Фергусон повеќе го заслужува тоа. Тој мора да биде признат. Има серија од 12 последователни победи. Заслужува многу повеќе од Конор. Мек Грегор, мора да се врати во ќелијата и да престане да ги повредува старите луѓе. Мора да се однесува како профи-борец, да се врати и да го освои своето место меѓу останатите”.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО