Рускиот ММА борец, Хабиб Нурмагомедов, прави шокантен пресврт кога станува збор за борбата против Тони Фергусон на УФЦ 249 настанот.
Да потсетиме, Хабиб пред неколку дена изјави дека нема да има ништо од борбата, затоа што тој не може да дојде од Русија во САД поради забраната за летови.
„Колку што сум запознат со ситуацијата, УФЦ бара нов противник за Тони Фергусон. Тоа е затоа што сум во Русија од каде што немам право да летам, а Тони е во САД. Го напуштивме САД затоа што УФЦ ни рече дека 99 отсто настан ќе се одржи во Абу Даби“, рече Хабиб.
Неговите зборови многу тешко му паднаа на Фергусон, кој со нетрпение го очекуваше дуелот.
„Тој беше вознемирен. Можеше да остане тука. Тој беше во Абу Даби. Тој имаше шанса да се врати пред да се затворат границите во Русија. Сепак, одлучи да оди во Дагестан и да не го заврши кампот. Хабиб не сака да се бори, исплашен е и бега. Треба да му се одземе појасот “, рече Фергусон и додаде:
„Го направи истото и пред УФЦ 209. Тој беше со семејството, знаеше дека не ги симнал килограмите и беше во сè, освен во мечот. Ја избегна борбата. Кабиб е пи **** А. Му реков дека ќе го избришам подот со него, момчето испари“.
Откако Хабиб од многу фанови беше прогласен за виновен што нема да има борба, реши да одговори на сето тоа. Шампионот на УФЦ сега му порачува на Дана Вајт, сопственик на организацијата, да му ја испрати локацијата каде ќе се случи борбата и дека доаѓа 100 проценти. Говорејќи за ЕСПН, рече дека сè уште може да дојде до борбата на 18 април, но сакал локацијата да биде на некое безбедно место.
“Во овој момент, ако ми испратат локација и можам да ја напуштам Русија, доаѓам во која било земја. САД, Абу Даби не е важно. Ќе се борам, 100 проценти. Само да ми испратите локација. Секој ден испраќам порака „Еј! Каде е локацијата. Ова не е моја вина“, вели Хабиб, додавајќи дека, финансиски, тој би бил најголемиот губитник во борбата:
„Разбирам луѓе кои се вознемирени од борбата. Овој меч е како сон за навивачите. Ова и за мене е сон. Изгубив многу пари. Никој не изгуби како мене. Никој. Никој не ја сака таа борба како мене.”
Тој преку Инстаграм објави.
„Работа број 1 што ме полудува е дека луѓето велат дека заминав во пензија – тоа не го разбирам. Сè уште тренирам. Вредно тренирам за натпреварот уште од декември“, рече Русинот.