Непоразениот шампион во лесна категорија на УФЦ, Хабиб Нурмагомедов не планира да се врати во кафезот. „Орелот“ не крие дека УФЦ го искушува со разни понуди и ривали, но ништо не може да го изненади. 32-годишниот Дагестанец ќе се сретне со Дана Вајт следниот месец во Абу Даби, каде што ќе разговараат за неговата иднина.
Нурмагомедов се избори на островот Јас во октомври и успеа да ја одбрани титулата со победа над Џастин Гејџи. Постави рекорд од 29-0 во ММА и објави дека се повлекува од спортот затоа што и ветил на мајка си. Шпекулациите за неговото враќање не престанаа, но тој е категоричен дека неговите настапи се историја.
„Во постојан контакт сме со Дана Вајт, но не разговаравме за ослободување на титулата. Мислам дека ова се должи на фактот што организацијата навистина сака да ја продолжам кариерата.
Ова е разбирливо, затоа што поминав 9 години во лигата, се борев многу, станав шампион, ја бранев титулата, никогаш не губев, имам многу навивачи од целиот свет.
Желбата на УФЦ ми е јасна, не ги обвинувам. Моите настапи во ММА се веќе своевидна приказна. Нема да се кријам, ме убедуваат да се вратам. Нема ништо изненадувачки. Нудат услови, борци, но тешко е да ме изненадат, немаат кој да ми понудат. За неколку недели ќе се сретнеме со Вајт и ќе разговараме.
Не сакам повеќе да се борам. Можат да ме мотивираат ако ми понудат борба со Мухамед Али. Но, за жал тој повеќе не е со нас“, изјави Хабиб.
Се чини дека Хабиб нема да се предомисли и ќе се повлече.