Хабиб сака сериозна соработка со Џејк Пол

По успешното деби на промоцијата на Игл ФЦ/ Eagle FC во САД, нејзиниот сопственик Хабиб Нурмагомедов најави проширување на бизнисот.

Тој истакна дека следната недела ќе има средби со претседателот на УФЦ, Дана Вајт, бидејќи е најдобар во тоа и голема чест е да се учи од него.

Поранешниот шампион на УФЦ неодамна откри дека сака да соработува со јутјуберот Џејк Пол:

„Вратите на Игл Фц се секогаш отворени за Вас и Вашиот тим“, напиша Хабиб Нурмагомедов, а Јутјуб ѕвездата одговори:

„Се согласувам, но само ако прво се борам со тебе“.

Хабиб по шоуто на Игл ФЦ FC 44 потврди дека сака да го донесе Џејк Пол.

„Му понудивме договор и чекаме одговор. Ако покаже интерес, ние сме тука. Го чекаме“, изјави Хабиб Нурмагомедов.

Кој знае какви планови има Пол, но моментално заработува многу повеќе отколку што може да му понуди некоја ММА промоција.

Но, поранешната ѕвезда на Дизни неодамна повтори дека би сакала да се испроба во слободна борба.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON