Првакот во лесна категорија на УФЦ, Хабиб Нурмагомедов, истакна дека наредната борба сака да ја направи во Русија.
Дагестанецот во интервју за руските медиуми беше јасен во своите побарувања од УФЦ и истакна дека борба во Русија е неговата најголема желба.
„Во преговори сум со УФЦ. Би сакал да се борам во Русија и 80 отсто сум сигурен дека мојот следен меч ќе биде овде“, рече Хабиб.
Наредниот противник најверојатно ќе биде Тони Фергусон, а Хабиб против него посакува борба на стадион.
„Во Санкт Петерсбург постои покриен стадион, и за разлика од Москва, таму би можеле да се бориме. Стадионот собира 75.000 гледачи и се помалку од тоа не би имало смисла“, порача Хабиб.