Поранешниот шампион на УФЦ во лесна категорија, Хабиб Нурмагомедов, откри дека сака да организира борба меѓу Федор Емелијаненко и Жуниор дош Сантос.
Неколку часа не делат од дебито на „Цигано“ за ММА лигата на Хабиб Нурмагомедов. Жуниор ќе се бори со Јорган де Кастро во тешка категорија. Тие двајца се во главната битка на настанот Игл ФЦ 47 на 20 мај во Флорида.
Дош Сантос ќе се обиде да ја запре серијата од 4 последователни порази со нокаут. Последен пат загуби со нокаут од Сирил Гане во декември 2020 година. Пред неколку часа се одржа прес-конференција пред борбата меѓу Жуниор и де Кастро.
Хабиб одговараше на прашања од медиумите и рече дека сака Федор да се бори со Дош Сантос во неговата лига.
„Мислам дека многу зависи од тоа како ќе помине претстојниот турнир на 20 мај. Доколку победи Јорган де Кастро, тогаш дефинитивно ќе добие шанса за титулата против шампионот во тешка категорија Ризван Куниев.
Но, имаме и добри вести за Жуниор дос Сантос. Ако победи Дош Сантос, навистина сакам да организирам битка против Федор Емелијаненко.
Сакам да разговарам со мојот пријател Скот Кокер бидејќи Емелијаненко има договор со Белатор. Не знам што ќе прават со него понатаму. Но, дефинитивно можеме да разговараме и да испишеме историја.
Зошто да не?! Овие момци се заштитно лице на ММА долго време. Според мене, Федор е најголемиот борец на сите времиња. Жуниор беше шампион на УФЦ.
Верувам дека и борците и навивачите заслужуваат ваква битка“, изјави Нурмагомедов на прес-конференција пред турнирот Eagle FC 47.