Поранешниот шампион на УФЦ во лесна категорија Хабиб Нурмагомедов oткри кои се неговите цели.
Најголемата цел на дагестанската легенда е да има олимписки шампион во борење во слободен стил од својата сала. Нурмагомедов вели дека ги создава сите услови да направи олимписки шампион во борење од Дагестан. Сепак, ова би се случило во 2028 година, а не во 2024 година.
„Олимписки шампион. Сакам од мојата теретана да излезе олимписки шампион во борење во слободен стил. Но, тоа е во иднина. Разбирам дека тоа не е целта за 2024 година, туку за 2028 година. Ги создавам сите услови за ова.
Имаме и борачи, граплери и други натпреварувачи. Но, секако, би сакал да извадам борач во слободен стил. Како што рече татко ми, има материјал за работа.
Има гладни и мотивирани ученици кои сакаат да се борат. Мислам дека можеме да подигнеме олимписки шампион. Но, нема да биде лесно, 100%“, рече Нурмагомедов во интервју за каналот УДАР.
Хабиб неодамна објави дека ја прекинува секоја активност поврзана со ММА. Тој е уморен од патување низ светот. Сега Нурмагомедов најверојатно ќе се посвети на семејството, а одвреме-навреме ќе ја посетува и салата што ја гради во планините во Дагестан.
View this post on Instagram