Хабиб постави услов: Борба за титулата или го напуштам УФЦ!

habib-nurmagomedov-vo-crveno-orel

Победата над Мајкл Џонсон го врати Хабиб Нурмагомедов на позицијата прв предизвикувач во лесна категорија. Со уште еден импресивен настап и демолирање на противникот, „Орелот“ стигна до 24 победа во кариерата, кој се уште не знае пораз и верува дека сега е конечно дојдено времето за напад на појасот. Ако случајно не ја добие шансата, Хабиб е подготвен да ја напушти водечката промоција ММА.

„Сакам да се борам за титулата на УФЦ, за почит, но ако на идниот настан не ја добијам мојата шанса, имам поинаков план – нема повеќе да се борам во УФЦ“, испрати јасна порака Нурамагомедов преку својот профил на Твитер.

Да потсетиме, дагестанскиот борец во очи на УФЦ 205 во еден момент веќе имаше потпишано договори за борбата што можеше да му донесе титулата, но потоа УФЦ се одлучи за Конор Мек Грегор како следен предизвикувач во лесна категорија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON