Поранешниот шампион на УФЦ во лесна категорија, Хабиб Нурмагомедов го именуваше борецот што го смета за најдобар во светот, без оглед на тежината.
„Со најдобриот борец во светот, без разлика на тежината – Камару Усман, на настан во Дубаи“, напиша рускиот борец, објавувајќи заедничка фотографија со актуелниот шампион на УФЦ во средна категорија.
Камару Усман го зазема првото место во ранг -листата П4П според Фајт матрикс, но во рангирањето на најдобрите борци во УФЦ, без оглед на тежината, сепак не може да го помести Џон Џонс од првата позиција.
Нигериецот може да го реши спорот со Џонс доколку успее да го одбрани појасот во реваншот за титулата против Колби Ковингтон на УФЦ 268 во Њујорк на 6 ноември.