Хабиб Нурмагомедов покажа гоелмина на Белатор 263 што се одржа денеска во Калифорнија во раните утрински часови по македонско време. Поранешниот шампион на УФЦ беше во аголот на неговите пријатели, кои учествуваа на гала вечерта.
Тројцата соборци на Нурмагомедов го израдуваа со победи и така тој остана непоразен како тренер. „Орелот“ направи добро дело што импресионираше многу луѓе.
Хабиб го виде својот пријател Гаџи Рабаданов како го нокаутира Даниел Кери во првата рунда. Веднаш по битката, тој внесе носилка за да го изнесат Кери. Хабиб влезе и им помогна на медицинските лица за да го качат Кери на носилката.
Еве видео од нокаутот, а потоа и од асистенцијата на Нурмагомедов: