Хабиб: Поинтелигентен сум во борбата од Гејџи, ќе го суредам во третата рунда (ВИДЕО)

Хабиб Нурмагомедов вели дека не само што е подобар борец од Џастин Гејџи, туку е и далеку поинтелигентен во кафезот пред нивната пресметка на УФЦ 254 на 24 октомври во Абу Даби.

Хабиб вели дека го почитува Гејџи за неговиот дух во борбите, но дека има голем предност пред него.

„Не мислам дека ќе се работи за шаховски меч, тоа е сигурно. Мислам дека мојата интелигенција е многу поголема. Тој е само цврсто момче во октагонот. Сака да се бори, сака крв, вистински воин. Но, ако зборуваме за фајтерска интелигенција, мислам дека тука доминирам. Џастин има одличен тренер во Тревор Витман кој знае да му дава вистински совети“, вели Нурмагомедов.

За стратегијата вели дека нема големи тајни – планира да го скрши Гејџи пред да го заврши во третата или четвртата рунда.

„Ќе се обидам да се борам со него. Ако се одбрани еднаш, ќе се обидам вторпат, третпат, стоти пат. И секако ќе се боксирам, ќе го удирам со нозете. Ќе го уморам и тоа е главната цел. И потоа во третата или четвртата рунда ќе го завршам“, вели Хабиб.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON