Хабиб Нурмагомедов, шампионот на УФЦ во лесна категорија, за ТВ Матч изјави дека кариерата ќе ја заврши кога ќе наполни 34 години.
„Не се гледам во ММА на 35 години. На 34 уште и може, но во 35-тата е тешко да се настапува во УФЦ и да се биде во врвот“, рече Хабиб.
Нурмагомедов истакна дека не се сеќава на ниеден спортист кој се натпреварувал во таа категорија по 35-тата година. Тој, исто така, смета дека тоа може „сериозно да се одрази на здравјето“.
Хабиб Нурмагомедов наскоро полни 32 години. Во досегашната кариера има 28 победи и ниту еден пораз.