Шампионот на УФЦ во лесна категорија Хабиб Нурмагомедов сака два пати да се бори оваа година.
Во моментов тој е казнет од Спортстката комисија и неговата казна ќе истече во јуни, но тој ќе пости за Рамазан, а тоа ќе го спречи целосно да се посвети на неговите тренинзи. Орелот планира да се врати во септември и да ја брани титулата против победникот од мечот за привремената титула меѓу Макс Холовеј и датсин Пориер.
Нурмагомедов неодамна изјави дека УФЦ планира настан во Абу Даби во септември за да се бори во главната борба. Оваа година Хабиб вели дека сака да се бори два пати. Прв пат на 7 септември, а втор пат на 21 декември. Интересно е тоа што тој има само уште една борба според договорот со УФЦ, а се уште не потпишал нов договор.
https://twitter.com/MMATeamDagestan/status/1113894354614214656?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed&ref_url=https%3A%2F%2Fmma.bg%2Fnovini%2Fmma-novini%2Fkhabib-iska-da-se-bie-prez-septemvri-i-dekemvri-tazi-godina
Последната борба на Хабиб беше минатата година на УФЦ 229, кога ја одбрани титулата со победа над Конор Мек Грегор.