Хабиб организираше фудбалски турнир за слепи лица

Шампионот во лесна категорија Хабиб Нурмагомедов напорно тренира за уште една одбрана на титулата против Тони Фергусон во април на УФЦ 249 во Бруклин. Орелот е во татковината и не престанува да учествува во добротворни настани и покрај тешкиот тест пред него.

Нурмагомедов на својот профил изјави дека организирале фудбалски турнир за слепи лица од различни земји. Хабиб е импресиониран од вештините на слепите лица и рече дека и во иднина ќе продолжи да помага во развојот на спортот за слепите лица.

„Вчера и денес се одржа турнир во фудбал за слепите лица – „Касписка 2020“. Го организиравме во Каспијск и на него учествуваа спортисти од Молдавија, Москва, Московскиот регион, Мари Ел, Казахстан, Чеченска Република, како и локални екипи од Дагестан

Она што ме зачуди е како можат да играат слепите спортисти. Интуитивно и хармонично, како професионалци. Понекогаш ги гледав како се движат низ полето, како сите да го гледаат тоа. Во иднина, ќе се обидеме да развиваме ваков вид фудбал и да привлечеме поголемо внимание на слепите лица“, напиша Хабиб.

https://www.instagram.com/p/B8HqDg9Imc8/?utm_source=ig_embed
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON