Светскиот УФЦ шампион, Хабиб Нурмагомедов, е во посета на Казахстан.
Тука тој се сретна со 11-годишниот Али Турганбеков, кој е роден без нозе, и одигра фудбал со него.
Нурмагомедов на малиот Али му поклони Ајфон, но и самиот од него доби поклон – топка со потписите на ѕвездите на ПСЖ: Нејмар, Килиан Мбапе, Тијаго Силва и Едисон Кавани.