Пред да стане јасно дека Нејт Дијаз ќе го замени повредениот Рафел дош Ањош на УФЦ 196, доста имиња беа споменува за можни ривали на Конор Мек Грегор на 5 март.
Еден од можните канидати беше досега непоразениот Хабиб Нурмагомедов, кој се очекува наскоро да се врати по долгото отсуство против Тони Фергусон. По се изгледа дека од УФЦ не биле заинтересирани за пресметка меѓу Хабиб и Конор.
Самиот Нурмагомедов објаснува зошто е тоа така.
„УФЦ не сака да се борам со Мек Грегор. Ми рекоа дека последен пат сум се натпреварувал пред 2000-та година и сум се борел со мечки“!