Хабиб Нурмагомедов: Во борбата треба да страдаш додека не се скршиш

Хабиб Нурмагомедов се покажа како еден од најдобрите ММА борци во историјата. Ѕвездата од Дагестан доминираше со сите свои противници и успеа да ја освои титулата на УФЦ во лесна категорија. Хабиб загуби само 2 рунди во кариерата, што вклучува 29 победи и 0 порази.

Хабиб на сите им ја наметна својата волја и успеа да ги скрши во кафезот. Сите знаеја што да очекуваат од него и зборуваа како ќе го победат, но во кафезот не можеше да го направат тоа. Нурмагомедов израснал во сала и од мали нозе почнал напорно да тренира борење.

До денес тој е во пензија 4 години и времето го посветува на тренирање на младите во Дагестан. Нурмагомедов реши да зборува за борбата и изјави дека тоа е страдањето што те крши.

„Ако никогаш не сте пробале да се борите во животот, не можете ни да знаете како е да се помине низ тешкотии. За да разберете што е борењето, треба да ја продадете душата на тренинзите и вечното „тркалање“ на душеците. Во борењњето треба да трпиш и да трпиш и да трпиш додека не се скршиш. Борбата не е игра“, изјави Хабиб.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON