Акутелниот шампион во лесна категорија, Хабиб Нурмагомедов, ги подобрува своите вештини во борење, тренирајќи со Роман Власов – двократен олимписки шампион, двократен светски шампион и трикратен европски шампион во борење.
Во моментов Хабиб е казнет и не може да се бори, но дефинитивно не губи време и се подготвува напорно за враќањето, што се очекува да биде на УФЦ 242 во Абу Даби против Дастин Пориер. За неколку дена почнуваат рамазанските пости, а Хабиб ќе ја почитува традицијата и ќе пости.
„Орелот“ вели дека во овој месец ќе тренира повеќе во текот на ноќта.
Еве кратко видео и слики од тренингот меѓу Хабиб и Власов.