Хабиб Нурмагомедов: Секој може да удари, но не може секој да се бори (ВИДЕО)

Хабиб Нурмагомедов го победи Конор Мек Грегор на УФЦ 229 и оттогаш не застанл да слави и да патува по целиот свет. Од многу градови во Русија, до Дубаи, па дури сега и во Истанбул. Многу луѓе го критикуваат Хабиб за неговиот стил, но тој вели дека секој може да удари, но не може секој да се бори:

„Мислам дека многу фанови не ја разбираат борбата. Секој може да нападне, но не може секој да се бори. Кога си борец може да ги разбереш работите, а тоа да не ви е здодевно. Многу навивачи доаѓаат тука, но никогаш не тренирале. Доаѓаат тука пиејќи пиво и сакаат да гледаат возбудливи борби. Не разбираат каква е оваа борба. Не ја разбираат вештината на борбата. Само сакаат да гледаат како двајца борци се тепаат со рацете и нозете.

Точно заради тоа некои мислат дека е досадно. Јас сакам да ги гледам Вудли, Усман и сите борци кои имаат добра борба. Сакам да ги гледам и да учам од нив. Точно зарди тоа им е досадно, бидејќи не го разбираат и мислат дека само го фаќам и го контролирам на подот.

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON