Хабиб Нурмагомедов: Пориер заслужува да е шампион

Неoспорниот шампион во лесна категорија Хабиб Нурмагомедов изјави дека Дастин Пориеr заслужува да биде шампион. Tie се бореа на крајот на 2019 година во Абу Даби, каде што Хабиб победи со завршница во третата рунда.

„Дијамантот“ се раздели со привремената титула и серијата од 5 последователни победи. Пориер сериозно му се закани на Нурмагомедов со гилотина, но Хабиб успеа да преживее.

Минатиот месец Пориер забележа голема нокаут победа над Конор Мек Грегор и повторно стана кандидат за титулата. Проблемот е во тоа што Хабиб се повлече од ММА, но УФЦ сепак го држи како шампион.

Наскоро ќе има извесност во категоријата, а Нурмагомедов тврди дека Пориер го заслужува појасот во лесна категорија.

„Не би рекол дека Пориер и Мек Грегор ме разочараа. Тие не покажаа ништо необично. Се борев против Порир и не беше ништо посебно. Така беше и со Мек Грегор. Мислам дека Порир заслужува да биде шампион.

Ова е мое мислење. Погледнете со какви борци се бореше. Се бореше со Милер, Алварез, Петис, Холовеј. Ова се врвните борци кои еден ден може да бидат во „Куќата на славните на УФЦ“, рече Хабиб.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО