Хабиб Нурмагомедов: Победувам тројца борци и станувам најголем во историјата

Ѕвездата во лесна категорија Хабиб Нурмагомедов е подготвен да ја брани титулата против Дастин Пориер. Тие се соочија и покажаа почит пред средбата на УФЦ 242 во Абу Даби во септември. „Орелот“ има скор 27-0 во ММА и верува дека ќе стане најголем борец во историјата на спортот, ако успее да забележи победи на следните три меча.

„Сакам мојата оставнина во овој спорт да биде голема. Морам да ги победам Дастин Пориер, потоа Тони Фергусон и Жорж Сент Пјер. Мое мислење е дека со победите над овие тројца борци ќе ме направи најголем борец“.

Ако Хабиб е во можност да ги забележи победите против тројцата борци и го зголеми својот скор на 30-0 во ММА, тогаш тоа најверојатно ќе бидат неговите последни изјави во МЛД.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON