Поранешниот шампион на УФЦ во лесна категорија, Хабиб Нурмагомедов, се најде на врвот на листата на најуспешни sвезди од Русија според „Форбс“. За една година заработил 12 милиони долари, а според овој показател е на второто место. Според сите останати параметри Нурмагомедов е признат за најуспешна руска славна личност.
Местото на рангирањето се одредува според приходот на ѕвездите за една година и нивната популарност, што зависи од публикациите во медиумите и социјалните мрежи, пребарувањата на „Јандекс“ и „Гугл“, како и од бројот на следбеници на „Инстаграм“ и „Јутјуб“. Така, Нурмагомедов го следат 29,7 милиони луѓе на „Инстаграм“, пишува Лента.
Второто место во рангирањето го зазеде раперот Моргенштерн со богатство од 7,4 милиони долари, а на третото место е тв-водителката Олга Бузова (2,7 милиони евра). Најбогат од сите е хокеарот Александар Овечкин: неговиот приход се проценува на 12,2 милиони долари