Хабиб Нурмагомедов: Конор Мек Грегор е добар борец, но не е вситински шампион

Откако вчера Хабиб Нурмагомедов го прегази Едсон Барбоза, остана да лебди прашањето против кого ќе се бори во следниот дуел.

Секогаш како можност постои Конор Мек Грегор, но тој нема да ја брани титулата до следното лето, оставајќи го привремениот шампион Тони Фергуосн како единствена опција. И ако го прашате „Орелот“, за него најзначајниот меч е против Фергусон.

„Конор треба да си го заслужи тоа. Вистинската титула е 25-0, ова е вистинското. Мислам дека вистинскиот шампионски појас е кај Тони Фергусон. Конор имаше само една борба во лесна категорија и стана шампион. Го победи постариот Еди Алварез“.

Сепак, Хабиб не ги оспорува постигнувањата на Ирецот.

„Тој е добар борец, но не е шампион. Тој е добар борец, но мислам дека многу други во лесна категорија би го победиле. Тоа е моето мислење. Добар е во боксот, има тајминг, но му недостасува борба, нема и кондиција“.

УФЦ веќе три пати се обидуваа да организираат меч меѓу Хабиб и Фергусон, но поради повреди или други проблеми не се одржа. Можеби дојде време“,

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО