Абдулманап Нурмагомедов, таткото на шампионот на УФЦ во лесна категорија, посочи дека Хабиб наскоро ќе се повлече од ММА. И претходно Абдулманап изјавуваше дека 30-години се идеални за еден борец да ја заврши кариерата во борбечките спортови. „Орелот“ ја зголемија својата победничка низа на 28-0 во ММА по минатонеделната победа над Дастин Пориер.
Сè уште не е се знае кога и каде ќе ја видиме следната борба на Кабиб, но опциите за него се пресметка со Тони Фергусон или Жорж Сент Пјер. Хабиб има 30 години, а татко му Абдулманап во интервју сподели дека Хабиб ќе се пензионира по две победи кога ќе направи скор 30-0 во ММА:
„За Хабиб, статистика од 30-0 е доволна во ММА. Сакаме неговата последна борба и одбрана на титулата да биде во Москва“, изјави татако му.
Хабиб е човек кој има голема почит спрема своите родители и сигурно нема да му се спротивстави на татко му, доколку сака непоразениот борец да стави крај на кариерата. Во идеален свет, Хабиб ако ги победи следните две борби во 2020 година и завршува со ММА, но ние не живееме во таков свет што постои веројатност и да загуби. Во таков случај не е сигурно што ќе се случи по евентуален пораз на шампионот.