Хабиб Нурмагомедов: Ќе му удирам шлаканици на Конор Мек Грегор

Шампионот во лесна категорија на УФЦ, Хабиб Нурмагомедов, за неколку дена влегува во кафезот во Лас Вегас, за да го брани појасот против поранешниот првак Конор Мек Грегор. Кај двајцата постои голема омраза и се желни за пресметка.

Во интервју за ЕСПН Хабиб кажа што точно ќе му направи на Конор Мек Грегор.

„Досега разговарав со некои од моите противници, но со него ќе биде поинаку. Ќе разговарам со него, ќе го научам и понекогаш ќе му залепам шлаканици. Ќе го натерам да се умори, бидејќи кога ќе се умори тој се предавава и паѓа на подот и ќе сака да каже „те молам задави ме брзо, бидејќи сум изморен“. Истото како што му го направи и Нејт Дијаз, но тоа ќе биде долга ноќ за него.

Ќе го уморам и ќе го скршам во кафезот. Ќе го прашам: „Еј, каде ти е автобусот и другите момци“? Што се случи сега и каде ти се сите? Донеси ги сите во кафезот. Ќе видам и дефинитивно ќе биде интересно. Понекогаш не знаете што точно да кажеш во октагонот. Дефинитивно ќе му говарам на него и на Дана и ќе ја уништам неговата слава.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON