Хабиб Нурмагомедов потпиша нов договор со УФЦ и се враќа на УФЦ 242 во септември, за да брани титулата против Дастин Пориер, кој е привремен шампион. Во моментов, ѕвездата се подготвува за втората одбрана на појасот и рече дека сé уште има многу битки во кариерата. „Орелот“ вели дека сѐ уште не е завршена работа меѓу него и Конор Мек Грегор, со кого се бореа во октомври минатата година, при што Нурмагомедов го натера да се предаде.
Очигледно, извонредната победа не е доволна за Хабиб и тој сака нова борба со Мек Грегор:
„Ќе поминам еден месец во планините, а потоа два месеци во АКА. Две недели пред битката ќе одам во Абу Даби за да се климатизирам. Мислам дека 94 дена ќе ме бидат доволни за оптималната форма.
Не го довршивме она што се случи во октомври со Мек Грегор. Има многу борби пред мене, а планираме да направиме историја и да покажеме дека сме тука. Ние сме високо на планината и ќе стигнеме до врвот и успесите“.