Хабиб Нурмагомедов и се враќа на борбите во декември!

kabib-nurmagomedov-shirt

Хабиб Нурмагомедов ќе биде подготвен за враќање во октагонот во декември, откако ќе се опорави од повредата на коленото. До овој момент Русинот е непоразен, а во мај месец се оперираше и по сè изгледа дека неговото закрепнување не оди како што треба.

 По една консултација со докторите, Нурмагомедов беше советуван да продолжи со уште шест недели рехабилитација на коленото и да не учествува на меч пред декември. Пред една недела, 26 годишниот борец привлече вниманието на медиумите откако браќата Дијаз се нафрлија врз него и тимот за време на ММА настанот WSOF 22.

Последен пат Орелот го видовме во акција на 19 април 2014 година, кога со судиска одлука го победи актуелниот шампион во лесна категорија Рафаел дош Анхош.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON