Хабиб Нурмагомедов и помогнал на многу наркомани во Дагестан

Ѕвездата на УФЦ, Хабиб Нурмагомедов не престанува да им помага на своите сонародници во Дагестан. Непоразениот шампион им помогнал на околу 50 наркомани да се опорават. „Орелот“ е пример за милиони низ целиот свет. Живее скромен живот, иако има милиони кои ги заработи во кариерата. Нурмагомедов не заборава од каде потекнува и сè уште одгледува животни во татковината.

Хабиб купи ММА организација во која ќе им даде шанса на многу млади луѓе да постигнат големи работи во боречките вештини. Неодамна, Магомедзаид Зајдов, борец на ЕФЦ, рече дека неговиот шеф Хабиб исто така му помагал кога имал проблеми со дрогата.

„Хабиб Нурмагомедов е многу посветен на помагањето на наркоманите. Тој веќе им помогна на многу луѓе. Хабиб им помогна на скоро 50 лица да се подложат на рехабилитација.

Финансиски им помага. На овие луѓе им треба пример кој е почитуван и кога ќе им зборува, тие ќе го слушнат“, изјави Зајдов за Нурмагомедов.

Хавиер Мендез, долгогодишен тренер на Хабиб, вели дека неговиот борец ги следи стапките на неговиот покоен татко и постојано им помага на сите околу него.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON