Хабиб Нурмагомедов и Дастин Пориер се спукаа

Хабиб Нурмагомедов и Дастин Пориер си разменија закани пред медиумите. Тие треба да се сретнат на УФЦ 241 на 7 септември во Абу Даби.

Шампионот во лесна категорија се уште е без пораз во кариерата, додека Пориер има пет последователни победи.

„Дастин направи добра работа против Холовеј, очекував победа на Макс. Пориер се подобрува. Долго време го гледав и морам да го скршам. Надвор од кафезот го почитувам, но одам внатре за да го скршам“, рече Хабиб.

„Јас сум Роки! Мојот живот е филм. Сите ме отпишаа на средбата против Холовеј, но навикнат сум на тоа. Во иднина ќе продолжам да се подобрувам. Знам сигурно дека ги имам вештините, силата, определбата и фокусот да го победам Нурмагомедов“, рече Пориер.

https://twitter.com/GrantLaing5/status/1119729151907250176?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1119729151907250176&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.sportal.bg%2Fnews.php%3Fnews%3D782036
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON