Хабиб Нурмагомедов и Дастин Пориер го имаа првото соочување (ВИДЕО)

Денес на прес-конференција во Лондон се соочија борците на УФЦ 242.

Непоразениот шампион Хабиб Нурмагомедов ќе се бори против привремениот шампион Дастин Пориер на 7 септември во Абу Даби. Ова беше прва прес-конференција по која има уште повеќе да се очекува. Двајцата борци покажаа почит еден спрема друг и пријателски се ракуваа, но во октагонот ќе има војна.

Хабиб ќе се чувствува како дома во главниот град на Обединетите Арапски Емирати и ќе има поддршка од целата сала. Друг плус за него е тоа што татко му ќе биде во неговиот агол за прв пат по многу години. Хабиб е принуден да се бори без својот татко во својот агол, затоа што не добива виза за САД. Пориер фактичи ќе се бори на противнички терен, но тој е убеден дека тоа нема да му пречи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON